Домашниот пазар е збогатен со Mustang Mach-E, целосно електричен SUV со супериорни перформанси.
Во салонот на Ми-Да Гранд Моторс на потенцијалните клиенти на располагање им се ставени бројни модели од актуелната гама на Ford кои веднаш можат да се испорачаат и тоа по акциски цени.
Тоа е еден начините со кој Ford се справува со хроничниот недостаток на автомобилскиот пазар.
Но, знаеме дека американските производители се силно посветени и на електрификација на мобилоноста.
Mustang Mach-E е одличен доказ за примена на стратегијата за употреба на чистите технологии. Претставен 2019 година, на европскиот пазар настапува со најсовремена технологија, но и со име кое недвосмислено асоцира на традиционални вредности.
Иако со актуелниот Mustang не дели заеднички компоненти, сепак асоцијацијата е очигледна. Името, Mustang Mach-E е инспирирано од првиот модел на Mustang кој се нарекувал, Mach-1. Сега симболично беше презентиран првиот електричен, Mach-E.
Техничкиот аспект на Mustang Mach-E ни открива сет од батерии со капацитет од 98,8 kWh доволни за автономија од цели 540 километри. Повторното полнење може да се изведе во широк дијапазон на „штекање“ започнувајќи од домашен полнач па се до брзи полначи oд 150 kW.
Во празнењето на батериите учествуваат два електромотори поставени на двете оски, со што воедно се добива и погон на сите тркала.
„Брендот Ford како пионер во автомобилската индустрија продолжува со својата електрификација во Европа, каде до 2024 година се планира да се лансираат девет комплетно електрични модели.
Како официјален импортер и сервисер, компанијата Ми-Да Гранд Моторс ќе продолжи да ги обезбедува најновите современи автомобилски решенија за клиентите во Македонија“ – истакна Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс.
Со пристигнувањето на електрични модели од високата луксузна класа, веруваме дека ќе бидат охрабрени и останатите брендови да ги донесат своите електрични адути.
Со таквиот потег веруваме дека и нашата земја ќе влезе во мапата на држави кои ја започнале ерата на електричната мобилност.