СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Во Словенија започна воведувањето дигитални вињети

 

Од почетокот на месецов годишните вињети во Словенија за возилата до 3,5 тони се продаваат само како електронски.

Досегашните месечни и неделни вињети ќе останат во употреба до 1 февруари 2022 година, по што и тие ќе бидат електронски.

Цените остануваат исти како и досега, со таа разлика што годишната вињета повеќе не е врзана за календарската година туку важи 365 дена.

За информација, годишната вињета за патничките возила чини 110 евра, месечната 30 а неделната 15 евра.

Вињетите во Словенија се задолжителни за автопатиштата и брзите патишта.

Затоа и при купувањето преку интернет или на бензинските пумпи и покрај патиштата треба да се наведе регистрацијата на возилото.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот