СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Volvo им изрази почит на учесниците на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

 

Под мотото „И покрај се“ годинава се одржа 42-то издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки” на кој Volvo беше задолжен како службен превозник на светските кинематографи.

„Браќа Манаки“ е уникатен фестивал на чија традиција сме посебно горди. Македонската  кинематографија последниве години во континуитет бележи меѓународни успеси па оттука и огромниот интерес за фестивалот на кој се слави умешноста за раскажување на приказните низ слики.

Годинава во главна конкуренција на фестивалот беа 10 долгометражни и уште толку краткометражни филмови. Меѓу нив два македонски филмови: „Сестри“ со кој се отвори фестивалот, а меѓу краткометражните „Северен пол“ за кој беше резервирано затворањето на фестивалот.

Финскиот кинематографер Јани-Петери Паси ја доби наградата „Златна камера 300“ за филмот „Купе број 6“ на годинешното 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Покрај натпреварувачкиот дел особено внимание предизвикаа работилниците со добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, Кристијан Бергер и на композиторката Џослин Пук.

Бергер зборуваше за неговиот изум со рефлексии во осветлувањето на филмските сцени, додека композиторката Пук го објасни процесот на создавање на музичката подлога во филмовите.

Домашниот увозник на шведскиот премиум бренд, Volvo Македонија во својство на партнер на фестивалот беше задолжен како официјален превозник на фестивалот.

Гостите за време на својот престој во Битола имаа прилика да ги почуствуваат софистицираноста и елеганцијата на SUV моделите Volvo XC60 и XC40.

Да потсетиме, во 2017 година моделот Volvo XC60, е прогласен за најбезбеден автомобил во светот, кој освен беспрекорната безбедност одушевува со совршена комбинација на врвни технологии, дизајн, возни својства и удобност.

Од друга страна Volvo XC40 уште од своето претставување го запоседна врвот на компактните премиум SUV модели.

Неговите квалитети, помеѓу кои приматот го имаат чистите технологии, беа препознаени од стручната јавност преку доделување на титулата во изборот за Европски автомобил на годината.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг