СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Иднината на BMW е во водородот

 

BMW започна со тестирање на водородниот Hydrogen NEXT на европските патишта.

Овој модел направен на основа на X5 опремен со горивни ќелии и произведен во лимитирана серија, треба да започне да се продава идната година.

Ја има ознаката BMW i Hydrogen Next како и концептот претставен на салонот на автомобилите во Франкфурт 2019-тата која ќе ја носи и серискиот модел.

Од германската компанија наведуваат дека водородните технологии имаат потенцијал да станат еден од столбовите на понудата на марката.

Системот горивни ќелии кој BMW го има развиено во соработка со јапонската Toyota располага со 170 KS и еден електромотор од 374 KS сместен назад.

Водородот се чува под притисок од 700 бари во два резервоара од пластика засилена со јагленородни влакна, чие време на полнење изнесува 3 до 4 минути.

Цената за водородниот BMW i Hydrogen NEXT сé уште не е позната, ниту пак во колкава серија ќе биде произведен.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV