СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Кога фабриката на Tesla во Германија ќе проработи?

 

Тешко прашање чиј одговор никој не го знае – она што се знаеше е дека требаше да проработи за една недела, на 1 јули.

Не е познато колку ќе доцни фабриката на Tesla во Германија, но добро е познато зошто доцни. Најлесно ќе биде да се каже дека така е заради жестокиот отпор на екологистите, но приказната е малку покомплицирана.

Во неа е вклучена и администрацијата на сојузната покраина Бранденбург на чија територија се гради постројката која сé уште нема дадено конечно одобрување за неа.

А кога тоа ќе се случи, повторно не се знае – работите засега се одвиваат на основа на прелиминарните градежни дозволи на 740 хектари земјиште кое Tesla го купи за 43,4 милиони евра, односно по помалку од 6 евра за метар квадратен.

Проблем е и снабдувањето со електрична енергија кое треба да биде од обновливи извори, и тоа во количина од 50 гигават-часа годишно.

На ова треба да се додадат и приговорите што ќе ги поднесе јавноста на која ѝ е овозможено до средината на јули да ја разгледа документацијата (околу 11.000 страници) на Tesla.

Администрацијата на Бранденбург за неа треба да се изјасни дури на 13 септември дали воопшто понатаму ќе постапува, односно дали ќе одржи јавна расправа на таа тема.

Сé на сé, Tesla очекува фабриката вредна скоро 6 милијарди евра да проработи до крајот на годината, ама…

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV