СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Техника

Двостепенска трансмисија за електрични возила

 

Канадската компанија INMOTIVE понуди менувач со два степени на пренос кој е наменет за електрични возила.

Ефикасноста на електричните возила е жешка тема кај автомобилските конструктори кои се бават со електрични возила.

Додека кај електричниот дел главната работа ја има завршено генијалниот Никола Тесла, кај останатите компоненти има уште доволно простор за развој.

Пред се тука се мисли на електронскиот менаџмент на расположливата енергија, а одредени подобрувања се можни и во оптимизација на самиот пренос.

Иако електромоторите испорачуваат максимален вртежен момент уште од најниските вртежи, сепак забрзувањата, а поготово успорувањата кога електричниот склоп функционира како генератор на електрична енергија, потребнен е поинаков преносен однос.

Луксузот да си дозволат „менувачка кутија“ со два преноса за сега можат да си го дозволат само неколку поскапи модели.

Porsche Taycan и Audi E-Tron всушност се изградени на идентична платформа што е уште еден важен момент во вградувањето на таков тип на трансмисија.

Сега Канадската компанија Inmotive нуди техничко решение кое е далеку поевтино од споменатиот менувач на ZF и има намера да ја зголеми ефикасноста на електричните возила а притоа значајно да не ја зголеми цената.

Манувачот е изграден околу два различни по големина запчаници кои со погонската оска се поврзани преку ланец. Релативно едноставниот систем функционира така што поголемиот запчаник (поспората брзина) е поделен на пет сегменти кои можат сукцесивно да се померуваат пренесувајќи го ланецот, преку затегнувачот, од едниот кон другиот запчаник.

На фабричкиот видео канал во детали е објаснет принципот на работа, а што е уште позначајно резултатите се и повеќе од одлични. При забрзување возилото постигнува за 15% подобро време, додека ефикасноста (читај: автономијата) се зголемува за 7 до 15%.

Уште една прекрасна вест е што менувачот може и накнадно да се вгради, и тоа во сите модели на електричен погон. Честа на прво вградување ја имаше Kia Soul EV каде покажа навистина охрабрувачки резултати.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Техника