СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Нов камионски дизел кој минимално загадува [видео]

 

Три цилиндри распослани на зафатнина од 10,6 литри способни да ослободат 450 КС а притоа да ја задржат еколошката пристојност. Делува нестварно нели, да ама веќе функционира!

Дизел моторите веќе се ставени на бесилка. Само уште треба некој да го бутне столчето. Тоа го почуствуваа сите патнички возила кај кои дизелите се сé поретка појава.

Но чекјате луѓе божји. Што ќе правиме со комерцијалните возила, големите камиони, автобусите, работните машини, … Па не може така едноставно да ги електризираме сите овие тешкaши.

Од друга страна, постојната технологија на дизел мотори ја губи битката со се построгите еколошки норми. Чаре? Одговорот стигнува од таму каде што најмалку се очекуваше – САД.

Развојната компанија Achates Power со седиште во Сан Диего, а формирана во 2004 година, веќе има продукт кој многу елегантно го решава проблемот.

Мотор кој (за сега) троши нафта на работен волумен од 10,6 литри има само три цилиндри.

Специфика: моторот е од конструктијата која се нарекува „опозитни клипови“ што значи дека во еден цилиндар еден наспроти друг се поставени два клипа и кој има централно палење.

Уште повеќе, моторот работи во само два такта. Резултатот е фасцинантен – емисијата на азотните оксиди (NOx) и јаглерод диоксид (CO2) го прават најчист мотор со внатрешно согорување на светот.

Притоа моторот, експериментално вграден во влекачот Peterbilt 579, воопшто не пати по перформанси – 450 коњи и вртежен момент од 2.373 Nm се гаранција за ефикасност и примерна економичност.

За овие охрабрувачки својства гарантира авторитет од калибарот на CALSTART, регулатор кој е одговорен за испитување на издувните гасови на ниво на Калифорнија. Уште сега новиот дизел ги исполнува нормите кои во САД на сила ќе стапат во 2026 година.

Peterbilt 579

За да се комплетира успешната приказна, производителот тврди дека оваа конструкција на мотор може како гориво да користи нафта, бензин, природен гас па дури и водород.

Токму употребата на водород во моментот е најитригантен момент затоа што со негова употреба емисијата на штетни гасови едноставно ја нема.

Без понатамошни експликации, само уште податокот дека експерименталната фаза е веќе при крај, а помасовна употреба се очекува од почетокот на јули месец.

Се чини дека после сите овие препораки, слободно ќе може да извикаме: дизелот е жив!

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот