СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Alfa Romeo Stelvio B-Tech: Специјално за сладокусците  

 

Комбинацијата на италијански стил, препознатлив дизајн, технологија и перформанси кога ќе се облагороди со специјални додатоци резултира со импресивна лимитирана серија – Alfa Romeo Stelvio B-Tech.

Првиот SUV на Alfa Romeo се одликува со елегантен стил, технолошки напредна опрема и спортска агресивност. Неговата појава не ги остави рамнодушни ниту стручната јавност ниту пак клиентите.

Посебната едиција Stelvio B-Tech носи 2.2 дизелски агрегат со 190 КС, а сериската опрема на Q4 AT8 вклучува Bi-Xenon (35W) фарови, но и ексклузивни безбедносни системи развиени од Alfa Romeo.

Со нивна помош се гарантира безбедност и видливост: систем Q4 AWD, Lane Departure Warning (LDW), Forward Collision Warning (FCW), Adaptive Cruise Control, Alfa™ DNA, ALFA™ LINK, адаптивен темпомат, систем за безконтактно отворање, двозонски автоматски клима-уред и уште низа напредни системи се дел од сериската опрема.

Ексклузивниот модел Alfa Romeo Stelvio B-Tech е исто така опремен со последни технологии како што се електронкста табла со инструменти, инфо-забавен систем Alfa Connect 3D Nav со 8,4” екран и навигација, DAB радио, Apple CarPlay и Android Auto™ Mirroring и сето тоа во стандардна опрема.

Што е најинтересно: специјалната едиција е достапна и за домашните купувачи.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг