СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Годинава околу 220 милиони евра за патишта

 

Јавното претпријатие за државни патишта ја донесе програмата за работа за 2021 година тешка повеќе од 370 милиони евра.

Со неа се предвидени сопствени приходи во висина од нешто под 170 милиони евра, а остатокот ќе бидат странски кредити и средства од буџетот. Најмногу пари претпријатието ќе заработи од делот од акцизите од продажбата на нафтени деривати – околу 75 милиони евра.

Сосема солидна сума од 60-тина милиони евра се планира да се собере од патарините, а од регистрацијата на возилата уште околу 35 милиони.

Преку наменските кредити од странство ќе бидат обезбедени повеќе од 200 милиони евра.

Од вкупната сума со која ќе располага јавното претпријатие, за изградба на патишта и инфраструктура ќе се потрошат околу 220 милиони.

Меѓу позначајните делници на кои ќе отидат се автопатиштата Кичево-Охрид и Скопје-Блаце како и на делниците Штип-Радовиш, Штип-Кочани, Градско-Прилеп, Ранковце-Крива Паланка и понатаму до Деве Баир.

Ако има пари ќе се започне и со активности на експресниот пат од Битола до Меџитлија и подготовки за изградба на идните автопатишта Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар и Струга-Ќафасан.

За враќање на кредити ќе бидат потрошени 75 милиони евра, а пари за воведување на патарините таму каде сега не се плаќа секако ќе има доволно.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг