СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

„Генерална проба“ за најлошото Брегзит сценарио

 

Ја режираше ли мутираниот корона-вирус „генералната проба“ за најлошото Брегзит сценарио што може да се случи?

Индустријата со години предупредува, но никој како да не ја слушаше дека неконтролираниот Брегзит ќе има катастрофални последици.

Сега сите видоа на што всушност мислеа менаџерите на компаниите кога велеа дека спуштањето на царинските рампи ќе го наруши работењето на целото стопанство.

Имено, откако Европа ги затвори границите и ја стави Велика Британија во принуден карантин заради мутираниот вирус, илјадници камиони останаа заглавени на приодите од и кон Островот.

Тоа инстантно ја остави индустријата од двете страни на Каналот без потребната логистичка поддршка и неопходните материјали за функционирање.

Заради тоа, дел од фабриките мораа да прекинат со работа – меѓу првите што своите работници предвремено ги испрати на божиќен одмор беше Toyota.

Јапонскиот производител не чекаше политичарите да реагираат на новонастанатата ситуација и стави клуч на своите фабрики во Франција и Велика Британија.

Увидувајќи го проблемот први попуштија Французите кои им дозволија влез на камионџиите од Британија на своја територија со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Но според она што го гледаме на фотографиите од пристаништата каде тие чекаат на траект да преминат на Континентот, нивниот тест ќе застарее пред да дојдат на ред.

 

 

Јасно е дека оваа состојба како-така ќе се надмине, но уште појасно е дека сликата што се создаде верно доловува што сé може да се случи кога ќе се наруши протокот на стоки и луѓе трпеливо граден со децении.

Затоа и нормалните луѓе на ова гледаат како на предупредување до сите што се инаетат, без разлика на причините и кој е повеќе во право.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV