СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Jaguar Land Rover очекува казна од 90 милиони фунти

Во својот финансиски баланс Jaguar Land Rover одвои 90 милиони фунти колку што очекува да изнесува казната на европските регулатори за надминување на дозволените емисии на CO₂.

Причината за неисполнувањето на своите обврски кон природата Британскиот производител ја гледа во доцнењето на лансирањето и проблемите што ги има со новите плаг-ин хибридни модели.

Како дел од своите планови за справување со климатските промени, ЕУ бара производителите на автомобили да ја намалат емисијата на возилата на просечни 95 грама на километар.

Но секој производител има индивидуална цел, главно заснована на тежината на автомобилите што ги продава – лимитот до кој требаше да се спушти Jaguar Land Rover беше 135 g/km.

Стратегијата на JLR да ја постигне својата цел беше лансирање на повеќе плаг-ин хибридни верзии на моделите од моделите што ги продава.

Но проблемите на кои наиде го принудија да ја запре продажбата на еколошките верзии на своите две најпродавани возила – Range Rover Evoque и Land Rover Discovery Sport.

Заради тоа беше принуден место планираните 58 да одвои 90 милиони за плаќање на потенцијалните казни на ЕУ. Британците очекуваат ситуацијата да се стабилизира до крајот на годината и идната да ги избегнат ваквите еколошки пенали.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV