СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mercedes ќе преземе до 20% од акциите на Aston Martin

Не беше така одамна кога Германците демантираа, но секако никој не им веруваше – сега и официјално ги признаа своите намери за Aston Martin.

Во август годинава, поранешниот шеф на Mercedes-AMG Тобиас Мерс го замени Енди Палмер како извршен директор на Aston Martin.

Тогаш се постави прашањето дали освен на чело на компанијата, ќе има и други промени – во структурата, сопственоста или соработката.

Од Daimler не прецизираа ништо, велејќи дека немаат планови за подлабоко навлегување во Aston Martin.

Ама иако светот заради пандемијата стои, изгледа кај нив се врти побрзо затоа што Mercedes-Benz ќе го зголеми својот удел во Aston Martin од сегашните 2,6 на максимални 20%.

За возврат Aston Martin ќе добие пристап до напредните технологии на Mercedes, вклучувајќи ги и хибридните и електричните погонски единици од следната генерација.

Ова доаѓа како дел од договореното проширување на технолошкото партнерство меѓу компаниите, кое тие истовремено го објавија на јавноста.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV