СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Peugeot доби „непристоен дизајнерски предлог“ за изглед на новиот RCZ

 

Полскиот дизајнер Пјотр Чизевски (Piotr Czyzewski) изработи тизери за тоа како евентуално би изгледала втората генерација на Peugeot RCZ. Би било вистинска штета предлогот да биде одбиен.

Вистинското прашање е, дали Peugeot воопшто ќе го врати во производство спортското купе, CRZ? Проектиран во 2009 со прв произведен примерок година дена покасно, тој беше присутен на пазарат до 2015.

Симнувањето од производното портфолио се должеше на отстапување простор на други големосериски модели но и на намалениот интерес за спортски купе модели кои се темелат на мас-продукти.

Колку за потсетување, истата судбина ја имаше и Volkswagen Scirocco, a Hyundai мака мачи со актуелниот Veloster. Во живот сеуште е Audi TT, но сепак кај него одлучувачка улога и припаѓа на припадноста кон брендот, со други зборови, не припаѓаат ниту во иста ценовна категорија.

Имајќи го предвид прогресот на Peugeot во последниве две-три години, Полскиот дизајнер Пјотр Чизевски кој води сопствено студио за дизајн и изработка на прототипови, дава прекрасен предлог како да изгледа втората генерација на француското спортско купе.

„Иконата, Peugeot RCZ во ново опкружување со сегашниот стил на Peugeot“. „Проектот покажува нов пристап со почитување на моменталниот стил кој го негува Peugeot, во исто време ги задржува и најважните стилски аспекти на претходникот“– ќе изјави дизајнерот. Резултатот е секако спектакуларен.

Имагинарниот RCZ е спортско стилско купе кај кого во предниот дел доминира маска од актуелните модели на брендот, со карактеристични дневни светла во облик на „сабји“. Пропорциите јасно укажуваат на спортскиот карактер, при што повторно се препознава дизајнерскиот потпис од актуелните модели.

Во поглед на механиката, Peugeot во м0оментот има широк спектар на мотори, но се чини како најприкладен за RCZ би бил 1.6 бензинецот со 225 КС, а не е исклучена можноста за хибридно поврзување со електромотор. Во тој случај на струја би се движеле задните тркала, што пак значи унапредување на возните својства со интегрален погон.

На крај прашањето, дали во Peugeot ќе се прифати предлогот за повторно оживување на проектот, RCZ. Гледајќи ги тизер фотките се чини дека бројот на фанови воопшто не би бил за занемарување!

 

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Piotr Czyzewski

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот