СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes-Maybach S650 Night Edition: Едиција поставена над перфекцијата (ВИДЕО)

 

За фановите на кои не им е доволно екстравагантен серискиот Mercedes-Maybach S650, од Стутгарт e понудена доработена верзија, S650 Night Edition во кој доминираат стилски елементи од посебна кожа и карбонски влакна.

Само 15 примероци од S650 Night Edtiion се предвидени за Американскиот пазар и тоа по цена од 243.945 долари. П

а тоа е за цели 40K повеќе отколку серискиот Mercedes-Maybach S650 за кого важи дека веќе претставува чиста перфекција.

Таа сума се правда со употреба на посебни материјали каде што доминираат површини покриени со карбонски влакна.

Покрај тоа посебни по дизајн се и тркалата а се бележи и употребата на други егзотични материјали.

За секој случај во S650 Night Edition е присутен и системот Magic Body Control кој се грижи за беспрекорно лежење на патот без разлика на неговиот квалитет и зачестеноста на свиоците.

Исто така своето постоење го оправдуваат и Torque Vectoring, адаптивното сопирање, и уште цела низа активни системи за безбедност.

Механиката е добро позната од стандардната изведба и врз неа воопшто не е извршена никаква интервенција.

Night Edition го придвижува моќниот Twin Turbo, V12 од шест литри, добро позната пропулзија по потекло од AMG.

Максималниот вртежен момент од 1.000 Nm и силината од 621 КС на задната оска се пренесува преку 7-степенска автоматика.

На крајот логичното прашање: кој ќе даде 40 илјади евра повеќе само за неколку декорации повеќе. Одоговорот доаѓа од десетината купувачи (од Америка) кои ги изброиле парите и однапред си резервирале свој посебен примерок.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот