На пазарот на моторни возила се нудат разни погони кои често внесуваат доза на забуна кај потенцијалните купувачи. Какви погони се нудат и кои се нивните компаративни предности во однос на останатите системи?
Јавноста секојдневно е опсипата со понуди на разни модели кои згора имаат и различни погони.
Во написов ќе се обидеме во кратки црти да ги опишеме главните својства на различните системи како и условите под кои тие постигнуваат максимални резултати.
Во крајна линија, во зависност од потрошувачката, односно од емисијата на штетни гасови, државите ги одредуваат и давачките со кои се теретат сопствениците на тие возила.
1. Мотори со внатрешно согорување
– Бенизнците од понов датум воглавно работат со систем за директно вбризгување на гориво. Трендовите налагаат намалување на работниот волумен и користење на турбо полначи и четиривентилска технологија.
Работата на вентилите е контролирана, и тоа посебно на всисниот и на издувниот пар. Во последно време во тренд се мотори со три цилиндри при што работниот волумен им изнесува до 1.5 литри.
Посебно интересни се еднолитарските мотори кои се вгградуваат дури и во модели од „Д“ сегментот. Силината им се движи во опсег помеѓу 105 и 140 КС.
Поради високата емисија на CO2 големит атмосферски мотори се помалку ги има во понудата – веројатно во иднина ќе претставуваат своевидна ретро-егзотика.
-Дизел моторите се под голем притисок поради неможноста да се намали количината на штетните азотни оксиди присутна во издувните гасови. За елиминирање на таа појава кај новите изведби се користат двојни катализатори DPF (Diesel Particular Filter) и SCR (Selective Catalytic Reduction), но сложениот систем за прочистување на издувот сериозно им ја покачува цената.
Се почесто е користење на дизели со волумен од 1.6 литри чија силина изнесува помеѓу 105 и 130 КС. Но ќе повториме, оправдување на високата почетна цена може да биде само големиот број изминати километри во пократок временски период. На веропскиот пазар за последните пет години учеството на дизелите во вкупната продажба е паднато од 51 на 32%.
2. Хибриден погон
Самото име наведува на користење на два различни типа на погон. Во принцип говориме за комбинација на бензиски и електричен мотор, концепцијата со дизел мотори дефинитивно е напуштена.
По правило сите хибриди, поради поефикасно искористување на горивото, користат автоматски менувачи. Регенерацијата на енергија која се ослободува при сопирање и при инерцијалните сили, исто така претстаува стандард.
Електричниот мотор секогаш работи паралелно со бензинскиот така што за погон ја користи акумулираната енергија од батеријата. Капацитетот на литиумските батерии досега до максимални 1.5 kWh што е доволно возилото да се движи на електричен погон само пар километри, и тоа при брзини кои не надминуваат 40 км/ч.
Главниот бенефит од хибридните погони се чувствува при градско, појди/застани возење. На отворен пат предноста се гледа при инстантна потреба од зголемена силина, инаку на отворен пат потрошувачката е идентична со класичните бензиски мотори.
3. Mild Hybrid
Во последно време омилена тема на многу производители. Се работи за систем базиран на мотор/генератор кој преку ремен се поврзува директно на работната оска на моторот.
Варијациите на таа тема се во однос на вклучувањето на електричниот мотор кој може во одредени ситуации да биде ангажиран и за погон на возилото или пак негово користење се сведува само како генератор на електрична енергија со која понатаму се напојуваат станатите компоненти на возилото.
Системот може да биде изведен да работи на 48 волти факт кој условува модифицирање на целата електрична мрежа на возилото или пак на стандардните 12 волти. Заштедите на гориво кои се овозможуваат со овој прилично едноставен систем одат и до 20%.
4. Plug-in Hybrid
Од сите варијации на тема, хибридни возила, единствено плагин хибридите влегоа во новиот Закон за данок на моторни возила.
Во принцип говориме за хибридни системи од погоре опишаните (точка 2), со таа разлика што освен при возење кај овие возила литиумските батерии можат да се полнат и од електричната мрежа.
Нјаголемата разлика ја прават батериите чиј капацитет изнесува помеѓу 10 и 15 kWh што овозможува автономија од добри педесетина километри, што пак се смета за европски дневен просек.
Во принцип батериите им се полнат за 3 до 4 часа што, ако се има услови, не преставува некој поголем проблем.
За корисници кои не ја надминуваат таа дневна километража, плагин хибридите претставуваат одлична опција затоа што можат тоа растојание да го поминат само на електрична енергија. Како што е случај и со класичните хибриди, и овој систем на отворен пат, откако ќе се исцрпи енергијата од батериите, не успева да оствари некои позначајни заштеди.
5. Електричен погон
Кај електричните возила работата е прилично јасна: тие се движат со помош на електромотори кои воопшто не загадуваат.
Во поевтините варијанти се користи само еден електромотор (поставен на предната или пак на задната оска), додека желбата за погон на сите тркала се исполнува со вградување на по еден мотор на двете оски.
Електричните супер спортисти од типот на Rimac поседуваат по еден електромотор поставен на секое тркало.
Капацитетот на батериите им варира од ccа 50 до 90 kWh кои овозможуваат автономно движење до максимални 500 километри. Со употреба на брзи полначи, за полнење на батериите до 80% од капацитетот обично им треба време кое не е подолго од четриесетина минути.
Пошироката примена на електричните возила е лимитирана со цената на литиум-јонските батерии, но со омасовување на производството се очекува и таа да опаѓа.
Отсуството на механичките компоненти како што се класичен мотор, менувач, сопирачки, оски … им овозможува влез во бизнисот со возила и на нови производители.
Главната придобивка во користењето на електрични возила е во големиот број даночни олеснувања како и субвенции при нивно купување. Да, секако и во отсуството на било какви издувни гасови.
Текст: Агрон Сулејман
Интересно
-
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk -
EV
/ пред 2 месециZeekr Mix: врвниот семеен ван, во Кина ќе чини неполни 36.000 евра
Брендот Zeekr на Geely има полни раце работа со проширување на својата гама....
Од Autoinfo.mk