СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

BMW X7: Нова димензија на теренскиот луксуз (видео)

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: BMWX7 not found

 

Првиот BMW X7 кој својата салонска премиера ќе ја доживее на американско тло, претставен и е на светската јавност. Најголемиот SAV на BMW ќе се произведува во Спартанбург (САД) а на пазарите ќе се појави во март 2019.

 

После долги најави, конечно BMW го прикажа својот најголем SAV (Sport Activity Vehicle) – како што баварците ги нарекуваат своите SUV возила.

За негово производство искористена е технолошката основа од најголемата лимузина, BMW Serie 7, па врвниот луксуз пропратен со најсовремена техника се нешто што е сосема нормално за очекување.

Ако големината и обликот ви се допаднат, останатото е набројување на вградените системи за безбедност и удобност. Од службените видео и фото материјали може да се стекне впечаток за обликот, но димезниите се тие поради што е проектирано ова возило.

Најголемиот X-модел на BMW се протега на 5.151 mm, ширината му изнесува рамно 2.000 mm а во височина брои 1.805 mm. Оваа грамада од возило е поставена на меѓуоскино растојание од 3.105 mm вредност која гарантира комотно сместување на 7 патници наредени во три реда седишта.

За BMW X7 првично се обезбедени по два бензиски и еден дизел во две варијанти – сите одред ги исполнуваат новите Euro 6d TEMP стандарди против загадувањето.

Бензиските мотори ослободуваат 340 односно 462 КС додека трилитарскиот дизел може да располага со 265 во послабата, и 400 КС во посилната изведба.

Сериски сите моторни варијации доаѓаат со 8-степенска Steptronic трансмисија. Интегралниот погон секогаш е на помош при слегување од асфалтни подлоги, а новост е можноста за избор на опциски офроуд пакет кој има посебни програми за возење по песок, макадам, каменест предел или снег.

Преносот се одвива преку пневматици со големина од 20 (сериски) до 22 цола, со што и на таа позиција се покажува припадноста кон највисоките автомобилски слоеви.

Во BMW X7 ќе можат рамноправно да се сместат до седум патници а по желба на купувачот во вториот ред се поставуваат само две одвоени седишта.

Во најлошиот случај багажниот простор изнесува солидни 326 литри, но ако во кабината се сместени само возачот и совозачот тогаш се отвара простор од големи, 2.120 литри.

Пред возачот е поставена Live Cockpit дигитална табла, а за секој слуач тука е и новиот хедап дисплеј со мноштво информации.

За удобноста и вградените системи за безбедност може да се посветат неколку посебни статии. Најважно е да се знае дека во BMW X7 се присутни сите познати системи и уште неколку кои за прв пат се вградуваат во некое возило.

Тоа ќе може лесно да се провери од идната пролет за кога е најавена салонската продажба. Очекуваната цена се движи од 60К па нагоре!

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=W7pLcOLsyTM[/tube]

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот