СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

BMW Serie 3: Новата тројка заслужува чиста петка

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: BMWSerie3 not found

 

Седмата генерацијана најпродаваниот баварски модел доаѓа со зголемени димензии, полесен е за педесетина килограми и за почеток става на располагање избор од два бензиски и три дизел мотори.

Новата „тројка“ ќе се препознава според кодната ознака G20. Тоа е за евиденција, инаку визуелно никој нема да ја помеша со некоја претходна генерација.

Новата BMW Serie 3 едноставно е препознатлива уште на прв поглед. Иако најавите говореа за ново технолошко ниво, малкумина беа склони да веруваат дека и естетиката ќе биде дотерана до тој степен.

Можеби фановите кои очекуваа драматични промени ќе покажат некоја незадоволна гримаса, но сепак дури и ним им е јасно дека револуциите можат да бидат изведени и со еволутивни методи.

Мало изненадување претставува палетата на мотори избрани за прво соочување со јавноста.

Два дволитрени бензинци со 184 односно 258 КС доаѓаат само со 8-степенска автоматика, а нафтената дивизија составена од два дволитрени мотори (150 и 190 КС) и еден линиски шестцилиндраш од 265 КС може да биде комбинирана со рачни или автоматски трансмисии.

Интегралниот погон xDrive е достапен само кај моторот со 190 КС а е обавезен кај посилните бензиски мотори.

Моторната екипа се очекува напролет да биде појачана со спортскиот шестцилиндерски линијаш (M 340i  xDrive) кој со своите 374 КС ќе овозможи забрзување од 4.4 секунди.

Лубителите на екстремни перформанси ќе мора да почекаат на новиот M3 бидејќи производителот сеуште се двоуми околу претставувањето на четворовратен M3 или двовратна M4 варијанта.

Во оваа фаза најава за целосно електрична изведба сеуште нема, а еколошкиот образ ќе треба да го чува хибридната верзија 330е iPerformance која само на струја ќе може да помине помеѓу 50 и 60 километри.

Комерцијализацијата на BMW Serie 3 ќе започне во март 2019 година со цени кои сеуште не се објавени дури ни во матичната земја.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот