Кореа Ауто Трејд се осмели да биде поинаква и на оригинален начин да го одбележи пристигнувањето на KONA, новиот член на SUV семејството.
Соработката на женскиот магазин Unique со домашниот увозник на Hyundai функционираше беспрекорно. Карактерот на преставуваното возило, во случајот KONA, во целост се совпадна со читателската публика на најпознатиот домашен магазин, Unique.
Во намерата за екслузивност на настанот беа ангажирани модната илустраторка Ангела Карoва, потоа кореографката Саша Ефтимова и модната стилистка Милена Танаскоска.
Нивните креации, кореографија и едиториал се директно инспирирани од својствата и карактерот на KONA. А сето тоа во рамки на глобалниот пристап на Hyundai за соработка со водечките светски модни магазини.
Во право ќе бидат сите лубители на возила кои од ново претставениот модел очекуваат динамичност, мулти функционалност, врвен квалитет.
Токму таквa е KONA, новиот SUV-адут на Hyundai од Б сегментот. Велиме SUV затоа што KONA е изградена врз нова платформа која може да поддржи и погон на сите тркала.
На нашиот пазар моторната понуда ќе се состои од два турбо бензиски мотори. Помалиот од нив носи ознака 1.0 Turbo-GDi има три цилиндри и ослободува поприлични 120 КС а се комбинира со шест-степенска мануелна трансмисија.
Помоќната верзија доаѓа со 177 КС кои ги ослободува 1.6 Turbo-GDi моторот. Во оваа комбинација седум-степенската автоматика ја пренесува силината на сите тркала и овозможува првата стотка да се фати за помаку од 8 секунди.
На списокот на вградените иновативни технологии во кои секако спаѓаат споменатиот интегрален погон и современите пропулзии, се надоврзува и грижливо димензионираната опрема.
На располагање се врвниот аудио систем KRELL, потоа хедап дисплејот на кој се проектираат сите параметри на возилото како и конективноста обезбедена преку Apple CarPlay и Android Auto.
Иако при светската презентација која се одржа во Сеул, имавме прилика да ја возиме KONA, искрено се радуваме на нашата повторна тест-средба.
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=cfj66BEOsBk[/tube]