СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Kia Ceed: Европски производ за европски пазар

 

На самиот почеток на 88. издание на салонот во Женева, Kia службено го прикажа својот хечбек од Ц-сегментот. Првите впечатоци говорат за нова визуелизација, а новини има и во механичката секција.

Првиот cee’d кој светот го виде 2006 година, за Kia претставуваше многу повеќе од еден нов модел во гамата. Токму со него се направи силен дисконтинуитет во пристапот на корејската компанија.

Од 2012 кога на сцена стапува второто поколение, успехот на петвратниот хечбек се потврдува преку пласманот на над 640 илјади примероци.

Задржувајќи го 6-годишниот ритам на обновување на моделот, на европскиот пазар се нуди третиот дел од успешната приказна, целосно новиот Ceed.

Започнувајќи од самата номенклатура (Ceed наместо досегашниот cee’d) нови се и моторите како и целата платформа. Сега Ceed е понизок и поширок, иако меѓусокиното растојание е задржано (265 cm), предниот превес на рачун на задниот е пократок за 20 mm.

Новата платформа е поширока од старата за 20 mm, предното потпирање користи помошна рамка а задната независна оска е преработена варијанта на веќе докажаниот псеудо мултилинк.

Моторната понуда се состои од трицилиндерскиот 1.0 T-GDi со 120 КС продолжува со новиот 1.4 T-GDi од 140 КС, а бензиските изведби се заокружуваат со проверениот 1.4 MPi од 100 КС.

Дизелите се целосно нови, имаат работен волумен од 1.6 литри, испорачуваат 115 односно 136 КС (260 Nm) и што е најважно ги исполнуваат строгите критериуми против загадувањето кои сеуште не стапиле на сила.

Новиот Ceed ќе почне да се произведува во Жилина, Словачката кон крајот на вториот кваратал од годинава. Секој Ceed излезен од фабричките хали ќе биде покриен со 7-годишна гаранција и 150 илјади километри.

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот