СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

84.000 Срби бесплатно транзитираа низ Македонија

 

Поминаа двата месеца во кои српските туристи на пат кон Грција бесплатно транзитираа низ Македонија.

За тој период, од предвидените 200.000 М-смарт картички за плаќање патарина, изготвени се половината, а искористени 83.959 илјади.

Со тоа, Македонија на српските туристи им заштеди а,2 милиони евра во знак на благодарност за вакцинирањето на нашите граѓани.

Од јавното претпријатие Државни патишта соопштија уште и дека во првите 7 месеци годинава е наплатена патарина на вкупно 22.434.168 возила од сите категории во вредност од 25 милиони евра.

Овие резултати се за 6,73 отсто подобри отколку постигнатите во истиот период 2019 година.

Од стартувањето на електронската наплата на патарините досега се продадени вкупно 26.406 од кои 16.734 М-смарт картички и 9.672 М-таг уреди, што е поразително ниска бројка.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг