СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Ќе изгледа ли SsangYong X200 навистина вака?

 

И покрај сите проблеми, SsangYong решително гази кон неизвесната иднина со нов дизајнерски јазик и уште еден електричен модел.

Моделот со кодна ознака X200 чиј изглед е инспириран од првобитниот Korando треба да ја насочи гамата на SsangYong кон повторна интерпретација на долгогодишната сопствена SUV традиција.

Како Корејците го замислиле се гледа од скицата, но мора да се постави прашањето што на тоа ќе каже Stellantis бидејќи тогашниот Korando всушност е лиценцно произведуван Jeep CJ-7, но за тоа потоа.

Овој дизајнерски јазик е наречен Powered by Toughness односно ‘Задвижуван од цврстината’ и како контраст ја враќа познатата робусност.

Јасните структури со мешавина на сила и рустикален ретро момент се извајани во модерен изглед кој треба да привлече различни групи купувачи, како според вкусот така и географски.

Од друга страна, кросоверот со средна големина означен како J100 кој треба да биде претставен идната година, ќе биде вториот електричен модел на марката.

И повторно се среќаваат сличности со некои понови модели на Jeep, но сега во далеку посовремена и пософистицирана форма.

Необјавувањето никакви детали за него треба да придонесе за зачувување на мистичноста, што е една од картите со кои ќе игра SsangYong.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот