СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Со дрон против бесните возачи [видео]

 

Ловењето на полицајците на прекршителите на сообраќајните прописи често наликува на играта на мачката и глушецот, но во Полска се сетија и ги вклучија и птиците во неа.

Конкретно, со оглед на времето во кое живееме, се работи за далечински контролирани дронови кои од воздух го снимаат сообраќајот во потрага по бесните возачи.

На снимкава се гледа како тоа функционира на рамна делница на која заради крстосницата престигнувањето е изричито забрането и јасно означено.

Но бидејќи некому ни двојната полна линија не го спречува во намерата да стигне побргу каде наумил (или во болница, зависи каква среќа ќе има), тука е полицискиот дрон.

Секако, мора да има и грмушки каде би се сокриле полицајците кои од птичја перспектива следат сé и пишуваат казни.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео