СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Совети

Што ако ви замрзне ветробранското стакло некаде во планина?

 

Празниците се идеален момент да се побегне некаде подалеку од цивилизацијата, со сите ризици што ги носи тоа.

Еден таков е и ако ви замрзне ветробранското стакло а се наоѓате некаде во планина, далеку од било која бензинска пумпа каде можете да купите средство за стакла, кое, ете случајно, токму во тој момент се потрошило.

Без грижа, постојат неколку домашни рецепти но прво правило е НИКАКО да не ги вклучувате бришачите – ќе им ги прегорите електромоторите.

Наједноставниот рецепт е раствор на сол и вода – доволно е една лажица сол на две чаши вода. Нанесете го на стаклото и за кратко време мразот ќе почне да се топи и многу полесно ќе го отстраните со стругач.

Вториот и најсигурен начин е раствор на алкохол за чистење и вода во сооднос 2:1. Постапка е иста – нанесете го на стаклото, а ако мразот е поцврст тогаш повеќе пати.

Ако пак немате алкохол што е доста веројатно, тогаш истото можете да го направите и со оцет, но внимавајте – растворот не смеете да го нанесувате на оштетени стакла, ниту пак да дојде во контакт со лимот бидејќи ќе ја оштети бојата.

Овој начин е помалку делотворен за одмрзнување отколку како превентивно решение – ако го нанесете растворот на оцет и вода навечер, тој ќе ја намали можноста за создавање мраз на стаклото во текот на ноќта.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Совети