Подготвивме листа од десет ценовно најповолни компактни возила кои во мометот се нудат на нашиот пазар.
Хечбек компактите се една од најпродаваните класи во Европа. Нема производител кој може да си го дозволи луксузот да не се бори за купувачите со автомобил кој најчесто е единсвтен во семејниот возен парк.
На нашата листа осум кандидати се со бензиски мотор, и имаме по еден дизелски мотор и еден целосно електричен претставник.
1. Hyundai i30 – 20.200
На чело на листата се најде i30-ката чиј редизајн е извршен во 2020 година. Во пакетот на опрема, Comfort работи атмосферски бензинец од 1,5 литри со 110 КС, кој преку М6 менувач ги придвижува предните тркала.
Перформансите говорат за забрзување од 12,3 секунди и максимум од 187 км/ч. Декларираната потрошувачка изнесува 6,8 l/100 km, гаранцијата изнесува 5+2 години, а за металик боја се доплаќа 500 евра.
2. Citroen C4 – 20.490 (промотивна цена)
C4-ката е свеж модел. пристигната минатата година. Пакетот на опрема Live Pack го придвижува познатиот трицилендерски мотор од 1,2 литри кој ослободува 100 КС.
Преку М6 менувачот се одвива забрзување од 11,3 секунди и максмимална брзина од 184 км/ч. Просечно троши 5,4 литри, а доплата за металик боја не е специфицирана.
3. Fiat Tipo – 20.550
Само за нијанса поскап е Tipo во хечбек варијанта, со ниво на опрема Entry. Максималната силина од 100 КС доаѓа од трицилиндерска пропулзија од еден литар кој е поврзан со петстепенски менувач (единствен во оваа конкуренција).
Просечно троши 5,7 литри, а забрзувањето од 11,8 секунди и максималните 192 км/ч се едни од најдобрите во конкуренцијата на еднолитрени мотори. Моделот е редизајниран во 2020 г. а гаранцијата е во времетраење од 2 години.
4. Opel Astra – 23.320
Свеж модел на пазарот со почетен пакет на опрема наречен, Edition, Во него работи корпорациски трицилиндерски мотор од 1,2 литри кој во оваа средина е навијен на 110 КС.
Со 437 цм е еден од најдолгите во класата, просечно троши 5,4 литри, а динамичките својства говорат за забрзување од 10,5 секунди и максимум од 199 км/ч. За маталик бои се доплаќа помеѓу 250 и 500 евра.
5. Kia Ceed – 23.650
Опремен со исклучително богат GT Line пакет на опрема, во тој поглед Ceed е без конкуренција на листава.
Четирицилиндерскиот мотор од 1,5 литри со 160 КС е исто така најсилниот во оваа конкуренција.Такви се и перформансите: 8,4 секунди и 210 км/ч, притоа троши 6,1 литар.
Продуктот е покриен со 7-годишна гаранција, а за металик боја се доплаќа 500 вера.
6. Renault Megane – 25.640
Megane е првиот што ја пробива границата од 25К евра. Во него е вграден 1,33 литарски мотор кој ослободува 140 КС. Тоа е доволно за забрзување од 9,4 секунди и брзински максимум од 205 км/ч.
Со пакетот на опрема Equilibre доаѓа М6 менувач, а просечната потрошувачка е декларирана на 5,9 литри.
7. Peugeot 308 – 26.510
Нов играч во класата кој е поставен на платформа која може да носи термички или мотори на струја.
Влезниот модел е со Active Pack ниво на опрема, под хаубата работи 1,2 литарски турбо со 130 КС кој е поврзан со М6 трансмисија.
Динамичните својства говорат за забрзување од 9,6 сек, брзински максимум од 210 км/ч. Потрошувачката изнесува 5,5 литри, а за металик се доплаќа помеѓу 400 и 640 евра.
8. Ford Focus – 27.500 (akciska)
Фордовиот компакт е благо редизајниран лани, а акциската понуда вклучува ниво на опрема Connected.
За придвижување е задолжен докажаниот трицилиндерски агрегат од 1,0 литри, навијен на 125 КС, Поврзан преку М6 менувач постигнува забрзување од 10,2 секунди и брзински максимум од 200 км/ч.
Со должина од 438 cm е најдолг од оваа конкуренција, а пкриен е со 5-годишна фабричка гаранција.
9. VW Golf – 31.366
Долго време најпродаваниот автомобил во Европа. Понудената варијанта, екипирана со Life пакет на опрема, се однесува на добро познатиот 2.0 TDi мотор кој во случајот испорачува 115 КС.
Поврзан преку рачен менувач со шест степени троши рекордно ниски, 4,1 л/100 км. Перформасите говорат за забрзување до стотка за 10,2 секунди и максимална брзина 202 км/ч.
10. MG4 – 33.900
Целосно електрично возило кое веднаш по европската промоција пристигна на нашиот пазар. Во нивото на опрема означена како Standard на предната оска е монтиран е-мотор од 170 КС.
Новиот тип на батерии има капацитет од 51 kWh што се доволни за автономија од 350 километри. Максималната брзина од 160 км/ч е електронски ограничена, а производот има 7-годишна фабричка гаранција.
Забелешки:
>> Во оваа конкуренција сигурно ќе имаше место и за Honda Civic, Mazda 3 и секако за Toyota Corolla. Но во моментот тие не се понудени на службените сајтови, па штом тоа се случи веднаш ќе извршиме корекции на листата.
>> При изработка на листата, како единствен извор на информации ги користевме службените ценовници објавени на сајтовите на нашите овластени продавачи.
Прилогот е работен како пресек на состојбата од 28.04. Како единствен критериум е користена почетната цена на моделите, па затоа се оградуваме од било какви споредби по изедначување на пакетите на опремa.
текст: Агрон Сулејман
Интересно
-
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk -
EV
/ пред 2 месециZeekr Mix: врвниот семеен ван, во Кина ќе чини неполни 36.000 евра
Брендот Zeekr на Geely има полни раце работа со проширување на својата гама....
Од Autoinfo.mk