СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Наше мислење

Царините како средство за одбрана

 

Амриканците воведоа царини за кинеските EV, Европа сериозно ја разгледува таа можност, а кинезите веќе возвраќаат.

Американската админстрација одлучи: кинеските eлектрични возила ќе се царинат со стапка од 100%. Досегашните 25% се зголемуваат чеитирикратно.

Баш и не и личи на декларативно најлибералната демократија, ама нејсе.

На енромното зголемувањет треба да се гледа во поширок контекст на општата трговска војна која подолго време, латентно или отворено, се води помеѓу двете светски велесили.

Мерката има повеќе димензии. Ставањето на EV во групата на производи е повеќе од симболичен аспект – продажбата на кинеските EV во САД e на нивото од 1,1%.

Вториот аспект е од чисто техничко-технолошка природа. Административната заштита на сопствените производители говори за големото заостанување во индустријата.

Ако пред само некоја година говоревме за 6 до 7 години заостанување, сега станува повеќе од јасно дека во меѓувреме кинезите на своето салдо додадоа уште половина декада.

Настрана и фактот што токму американската Tesla во Кина има производствени погони кои според важечките закони функционираат со фифти-фифти сопственост (плус „златна акција“ во кинеска сопственост).

Дали Европа ќе успее да се усогласи во одбрана на својата автоиндустрија од надоаѓачкото кинеско цунами?

Според продажните резултати за првите четири месеци од годинава процентот на продажба на кинеските електричари во Европа е десетпати поголем отколку во САД.

Знаејќи ја зависноста на европските производители од продажните бројки во Кина, воведувањето на царини додатно би ја усложнила ситуацијата.

Со произведени над 30 милиони возила во 2023 год. Кина е далеку најголем производител на возила. Од таа супериорна позиција очекувани се и контрамерки.

Последните вести говорат за воведување на царинска стапка од 25% за сите возила кои доаѓаат од увоз. Да секако има и такви. Тоа по правило се ексклузивни (претежно европски) модели со големи бензиски мотори.

Иако бројката на тие возила е повеќе симболична, сепак кинезите реаграат барем за да покажат дека и тие имаат одбрамбено оружје.

Бездруго ни предстои возбудлив период – гигантите ќе се борат со сите средства за превласт. Помеѓу останатото таа борба ќе се води и преку ценовните политики, а од тоа корисниците само може да профитираат.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Наше мислење