СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Хрватска домаќин на рели за светскиот шампионат

Желбите на Хрватите да организираат WRC настан кои датираат го години наназад конечно им се остварија.

На својата последна седница советот на светската автомобилска организација FIA потврди дека во календарот за идната 2021 година е вметнато и хрватското рели Croatia.

Планираниот термин е од 22 до 25 април, стартот и целта ќе бидат во Загреб, а релито ќе се вози на подрачјата на загребачката, карловачката и крапинско-загорската жупанија.

Ова доаѓа како резултат на напорите на хрватските автомобилски ентузијасти кои владата ги поддржа уште во 2018 година, но организацијата на WRC настан тогаш ја доби Турција заради избрзаноста на апликацијата на Хрватите.

Се проценува дека успешната организација на WRC Croatia на хрватското стопанство може да му донесе неколку десетици милиони евра.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV