СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Хибридниот мотор на BYD e способен да помине до 2.000 километри

Кинезите започнаа војна и на полето на хибридите. Со едно полнење седаните во кои се вградува новиот палгин хибрид може да поминат до 2.000 км.

 

Веќе сите се запознаени со врвната технологија со која располага BYD на полето на електричните возила.

И производство на батерии, како и целокупниот електронски менаџмент потребен за нив.

Како тоа да не им е доволно, па сега кинезите се докажуваа и на полето на приклучните (plug-in) хибриди.

Целта е транзицискиот период да се помине со што поголемо пазарно учество. Директниот напад е усмерен кон староседелците од Toyota, но и кон придојдените од Volkswagen.

Надградената технологија, која има за цел да ја зголеми разликата помеѓу BYD и неговите технолошки ривали, веднаш ќе биде лансирана во два седани кои чинат под 100.000 јуани (13.800 долари), истакнаа првите луѓе на производителот при претставувањето.

BYD официјално ги лансираше хибридните седани Qin L и Seal 06, со нивната петта генерација Dual Mode (DM) технологија, во Ксиан, Кина.

Овие хибриди од следната генерација ветуваат значително помала потрошувачка на гориво и подобрени перформанси, продолжувајќи ја посветеноста на BYD за иновативни возила со нова енергија (NEV).

Qin L DM-i, дел од серијата на BYD, прикажува неверојатен дизајн со напредни карактеристики и луксузен ентериер инспириран од кинески пејзажни слики.

Со цени кои се движат од 99.800 до 139.800 јуани, тој нуди спој на традиција и модерност.
Seal 06 DM-i, исто така, дебитира со најновиот хибриден систем DM, кој може да се пофали со економичноста на гориво од 2,94 l/100 km (според NEDC) и импресивен радиус на движење само на електричен погон.

Двата модели имаат менаџирање со енергијата управувано од вештачка интелигенција, што ги прави многу ефикасни и еколошки.
Претседателот на BYD, Ванг Чуанфу, им ги предаде клучевите на првите сопственици на големиот настан за лансирање, одбележувајќи го почетокот на новата ера во хибридната технологија.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот