За поголема атрактивност на најбрзиот циркуз во светот, одговорните подготвија нова регулатива која преку зголемена аеродинамика би требало да овозможи пистигнување на поголеми брзини.
Трките од Форумала 1 шампионатот сеуште се најгледаниот спорт во светот. За да остане на врвот на популарноста, за секоја натпреварувачка сезона организаторите воведуваат нови регулативи кои ќе овозможат постигнување поголеми брзини и атрактивни престигнувања.
За натпреварувачката 2019 година веќе се објавени новите правила кои во принцип се однесуваат на аеродинамиката. На приложеното видео може да погледете што всушност меѓународната автомобилска федерација (FIA) пропишува како правила.
Според пропишаната регулатива најголема промена е предвидена на „носот“ на болидот при што тој е проширен и дизајнерски максимално поедноставен.
Сега тој ќе смее да има само пет елементи кои ќе се погрижат турболенциите околу возилото да се намалат. Втората промена е помалку драматична и се однесува на всните канали за ладење на сопирачките кои од идната година ќе бидат со помали димензии.
На крајот тука е и задниот спојлер со поголеми димезнии кој во случај кога е со затворени крилца ќе произведува поглема потисна сила на асфалтот зголемувајќи ја така брзината низ свиоци, додека кога тие ќе се отворат (DRS) ќе овозможат постигнување на поголеми брзини и поефектни престигнувања.
Да не должиме понатаму – приложениот видео прилог тоа најдобро ќе го објасни.
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=nYe_97EpwZg[/tube]