СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Три години затвор за 78 сообраќајни прекршоци

 

Судот во Гент, Белгија, осуди на три години затвор 34-годишен маж, кој во своето 10-годишно возачко искуство направил добра колекција прекршоци.

Се ределе еден по еден – брзо возење, под дејство на алкохол, без документи и што уште не, за после 77-миот пат да биде казнет со 7-годишна забрана за возење.

Но, како тврди овој самовработен електричар, му се јавил клиент што не можел да го одбие, а во тој момент сестра му која ја користел како возач не била дома и тој седнувајќи зад воланот го направил својот 78-ми прекршок.

За беља полицијата го фатила и му стегнала пријава, со барање за едногодишна казна затвор заради непочитување на забраната. Ама тоа на судијата му се видело малку и му пресудил три години затвор, плус доживотна забрана за возење и 45.000 евра парична казна.

Затоа, памет во глава!

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот