СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Со нова батерија од 150 kWh, NIO успеа да помине 1.044 километри

 

Со едно полнење, вградена во моделот NIO ET7, новата батерија успеа да помине преку илјада километри.

Кинеските производители не се задоволуваат со постигнатото технолошко ниво на своите електрични возила.

Напротив, сведоци сме на секојдневно зголемување на технолошката разлика со останатиот свет.

Единсвтено Tesla може делумно да парира, додека заостанувањето на европејците веќе станува загрижувачко.

Конкретно, NIO успеа да развие батерија (со полу цврст електролит) со ултра голем капацитет од 150 kWh. Вградена во серискиот ET7, со искористеност до 97%, возилото успеа да помине 1.044 километри. Во реални услови, и при ниски температури.

Зад управувачот на серискиот ET7 седеше лично првиот човек на компанијата Вилиам Ли, кому друштво му правеа уште два инженера од развојниот центар.

Растојанието од Шангај до Ксиамен го поминаа за 14 часа, постигнувајќи рекордни резулатати со што означија нов период во развојот на електришни возила движени со помош на батерии.

Постигнатиот резулат добива на тежина ако се знае дека патувањето е изведено во реални услови при ниски температури и со просечна брзина од 83 км/ч.

Новата батерија во целост се вклопува во системот на NIO, што значи дека може да се вгради во целата гама на производителот.

Исто така може да се полни на брзи полначи, и уште поважно, може да се менува во постојните станици за промена на празните со полни батерии.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV