СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Се напишаа нови страници во историјата на транспортот [видео]

Вакуумскиот воз Virgin HyperLoop за прв пат превезуваше патници – скромно, само 500 метри, но значајно за историјата.

Идејата за ваквиот вид транспорт е на Елон Маск, а реализацијата на Сер Ричард Брансон, основачот на Virgin групата.

Тој беше еден од ретките кој оваа сулуда идеја ја нарече револуционерна и единствен кој беше подготвен да инвестира во неа.

Визионерството се исплатеше – засега не финансиски, туку со пишувањето на новите страници во историјата на транспортот.

Во нив учествуваа двајца вработени во неговата компанија кои во тест-центарот во пустината во Невада поминаа околу 500 метри со вакуумскиот воз.

Патувањето траеше 15 секунди, но кога целосно ќе биде оперативен Virgin HyperLoop ќе превезува луѓе на големи растојанија со брзина од 1.000 километри на час.

За тоа се користи принципот на магнетна левитација кој ќе овозможи од Њујорк до Вашингтон да се патува само 30 минути. Virgin досега има направено околу 400 теста, но овој е прв со човечка посада.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV