СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Анализи

Се намалува разликата меѓу фабричката и вистинската потрошувачка

 

Швајцарскиот автоклуб TCS со години наназад изведува серии тестови за споредба на вистинската потрошувачка на гориво со фабрички декларираните податоци.

Според нивните податоци од времето пред WLTP нормите, разликите во мерењата се движеа од 1,6 до 1,8 литри на 100 километри.

Тогаш хомологациите се вршеа според NEDC процедурите, кои не беа реални и им допуштаа на производителите големи отстапки од реалната потрошувачка.

Но со воведувањето на новите WLTP мерења од почетокот на 2020 година, разликата во измерената и реалната потрошувачка се намали.

Според Швајцарците, таа сега во просек е за само 0,3 л/100 km поголема отколку номиналната добиена според WLTP процедурите.

Дури, велат тие, потрошувачката во реални услови може да се изедначи со фабричките податоци ако возачот се придржува на правилата на економичното возење.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Анализи