СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Седанската изведба на A-класата понудена на нашиот пазар

 

А-класа седан, најкомпактниот класичен модел на Mercedes-Benz, воедно и најаеродинамичната лимузина во светот, домашниот импортер веќе ја има во редовна понуда.

Четиривратната лимузинска варијанта на новата А-класа е единствен модел од тој вид на MB кој има погон на предната оска.

На таквото решение највеќе се  радуваат патниците на задните седишта, а помалку среќни се корисниците кои од секој модел на MB очекуваат погонот да доаѓа од задната оска.

Кога сме веќе кај комоцијата на задните седишта да кажеме дека двете оски помеѓу себе се одалечени 2.729 mm факт кој е гаранција за понуда на удобност достојна за еден класичен „мерцедес“.

Од друга страна класичната форма во интерпретација на најстариот автомобилски производител едновремено значи и рекорднo ниска вредност на аеродинамичниот отпор од Cd=0.22 (ко-рекордер е MB CLA Coupe)

Комбинацијата на ефикасни мотори и врвната аеродинамика го дава очекуваниот резултат – пријателско однесување кон природната средина.

Но, есенцијата на секој „мерцедес“ е квалитетот и иновативните технологиии.

Во новата А-класа седан, тоа значи вградување на системи за асистенција преземени директно од S-класата, додека MBUX системот за говорни команди е решние кое е развиено посебно за А-класата.

Првично, седанот ќе биде понуден со по еден безниски и дизел мотор. А 200 носи бензинец од 163 КС додека во А 180 d е вграден дизел со 116 КС.

И во двата случаи преносот до предната оска се одвива преку автоматски (7G-DCT) менувач.

Покрај веќе споменатиот MBUX (Mercedes-Benz User Experience) систем, во новата А-Класа седан, сериски се присутни уште и системите за асистенција, Active Brake Assist и Active Lane Keeping Assist.

Како дополнување, новата А-Класа седан може да биде опремена со неколку нивоа на дизајн линии и опременост како што се: Style, Progressive и AMG, како и Night пакет и други дополнитени опции.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг