СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Салонот во Њујорк откажан – по четврти пат

 

Пандемијата која трае втора година, по четврти пат е причина за откажување на салонот на автомобилите во Њујорк.

Имено, со силна желба да ја одржат манифестацијата, организаторите на овој салон најпрво ја откажаа во нејзиниот редовен термин лани во април.

Но веднаш потоа ја закажаа за август, кога, како добро знаеме, коронавирусот беснееше со силно темпо.

Задржувајќи го ентузијастичкиот дух, организаторите се зафатија за работа да го одржат настанот во април годинава, но попусто.

За овој август следеше нов термин, кој како и другите потклекна, сега под налетот на делта сојот на вирусот.

Не треба да споменуваме дека сега сите напори се вложуваат овој салон со 120-годишна традиција да се одржи во април 2022-рата.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот