СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Сакате Porsche 911 Turbo S? Нема проблем, подгответе го пасошот!

Велат разликите го движат светот. Можеби е така, но тој што го кажал ова сигурно не мислел на разликите во цената на Porsche 911 Turbo S.

Имено, аналитичарите на Compare The Market одделението задолжено за пазарни истражувања во склоп на финансискиот BGL сервис од Велика Британија се позанимаваа токму со тоа.

Резултатите се повеќе од интересни – разликите во цената на Porsche 911 Turbo S ширум светот изнесуваат вртоглави 4:1!

Според нивната листа, германскиот спортист е најевтин во Канада, каде пресметано чини 150.373 евра, а блиску е и неговата цена во Мексико – 153.923 евра.

Следат Велика Британија, Јордан, Кувајт, САД и Оман каде цената се движи меѓу 170 и 180 илјади евра, за понатаму разликите да стануваат сé поголеми.

Така Porsche 911 Turbo S на домашниот германски пазар чини 212.711 евра, што е најниска сума во континентална Европа.

Највисоката пак е во Норвешка и Финска – 291.548 односно 380.052 евра, кои пак и не изгледаат високи во споредба со сумите што следат.

А тие навистина се драстични – на врвот (или дното, зависно како гледате) на листата е Аргентина, каде 911 Turbo S чини дури 604.824 евра!

Малку, меѓу 25 и 60 илјади евра е поевтин во Сингапур, Виетнам, Тајланд и Пакистан, а неговата цена во Македонија не е јавно објавена.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот