СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Honda Civic 2022: Прво запознавање со седанската верзија

 

Единаесетата едиција на Honda Civic ќе ја доживее својата премиера идната година, и сосема невообичаено за јапонците, првите фотографии веќе се јавно достапни.

Барем за сега, Honda својот компакт го претставува на светот како прототип, но јасно е дека и сериската изведба ќе биде речиси идентична со моделот кој сериски ќе се симнува од производните ленти.

Единаесетата генерација на Civic најпрвин се претставува во својата седанска форма, за да потоа следат хечбек верзијата и спортските изведеници Civic Si и Type R.

Ако судиме според првите објавени фотографии, впачатокот дека се работи за намален Accord, станува доминантен. Дали претходните две, инаку супер успешни генерации, како дизајнерски правец го достигнаа својот врв или пак стратезите намерно се одлучиле за посмирен облик, останува дилема.

 

Иако се задржани сите пропорции, вклучувајќи ги тука нискиот и широк нос, речиси хоризонталната странична линија и моќниот заден дел, сепак се добива впечаток како да е направен дизајнерски чекор наназад.

Од внатрешноста дистрибуирана е само една скица, но и тоа е доволно да се заклучи дека дизајнерите се одлучиле за чисти и едноставни линии. Трендот започнат од електричните возила, секако има свое влијание и кај новиот компакт.

Кога ќе се погледне зад дизајнерските решенија, новиот Civic и тоа како има што ново да понуди. Во прв ред тука е наново конструираната лесна и цврста носечка структура која во Honda е наречена Advanced Compatibility Engineering.

Еколошките турбо бензинци ќе имаат и електрична поддршка, а новите активни и пасивни безбедносни системи ќе се грижат за целосната безбедност на патниците.

Лесно може да се претпостави дека и возачот ќе биде опкружен со серија високо-развиени системи за асистенција, а во поглед на опремата јапонците традиционално секогаш биле прилично дарежливи.

За американскиот пазар, Honda Civic ќе се произведува во Индијана, додека во Европа новиот модел најверојатно ќе пристигнува од Јапан.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот