СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Релито Дакар ќе се одржи според планот

Организаторите на најтешкиот автомобилски настан на планетава, релито Дакар, потврдија дека ќе се одржи според планот – од 3 до 15 јануари.

Според нив подготовките течат со зацртаното темпо, а единствена разлика од порано ќе биде што нема да се примаат гости и ВИП посетители.

Наредното Дакар рели треба да биде 43-то во историјата и второ кое се одржува во Саудиска Арабија, каде после 11 јужноамерикански години се пресели лани.

Саудиските власти се согласуваат со организаторите на релито дека тоа ќе треба да се одржи, но поставуваат услови за негативен ПСР тест и дополнителни контроли на движењето на учесниците.

Почетокот и стартот на релито ќе бидат во вториот по големина саудиски град Џеда, каде во ноември идната година ќе се одржи и претпоследната трка во шампионатот во формула 1.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV