СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Рекордна продажба на Volvo во февруар месец

 

Над 40% од автомобилите на Volvo продадени минатиот месец се електрифицирани.

Volvo Cars објави дека во месец февруари на глобално ниво има пласирано 51.286 единици.

Со тоа, кумулативно за првите два месеци, продажбата достигна близу 100 илјади примероци што е историски рекорд на брендот.

Од вкупниот број продадени автомобили 20.678 се електрифицирани или како што комерцијално се нарекуваат, Recharge.

Плагин, односно со систем за полнење преку приклучување на електрична мрежа, се продадени 11.104, што од вкупната продажба изнесува 18,7%.

Интересно е притоа дека и сегментот на возила со батериски електричен погон (BEV), со вкупно 9.574 возила, бележи пораст од 18,7%.

Со тоа електрифицираните возила во вкупната продажба учествуваат со 40,3%, податок кој јасно ја прикажува тенденцијата.

Рекордните бројки се однесуваат само за најкраткиот месец во годината, што му дава за право на Volvo да се надева на рекордна продажна година.

Многу веројатно рекорден ќе биде и уделот на електрифицираните возила во вкупната продажба.

Најголеми пазари за автомобилите со знакот на Volvo се Европа, Кина и САД, со тенденција на експанзија на трети пазари.

Објавените податоции совршено се вклопуваат во плановите на шведскиот премиум бренд за целосна електрификација на гамата до 2030 година.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV