СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Просечната старост на американските возила е скоро 12 години

Не сме ние единствени кои возат стари автомобили – и Американците сé подолго се дружат со своите возила.

Според извештајот на аналитичката куќа IHS Markit, просечната старост на возилата на американските патишта е највисока во последниве две децении и изнесува 11,9 години.

Како причина за тоа тие го наведоа постојаното поскапување на новите возила, што ги приморува возачите подолго да ги чуваат и подобро да ги пазат своите сегашни автомобили.

Просечната старост на возилата реално дури е и повисока, бидејќи податоците за анализата се собирани пред наездата на пандемијата и нејзиното влијание на економијата.

Според директорот на оваа истражувачка фирма од Лондон, остриот пад на продажбата реално ја има зголемена просечната старост на возилата на американските патишта на повеќе од 12 години.

Ова не е добра вест за екологијата и за безбедноста, но може да им помогне на оние компании кои произведуваат автоделови, се наведува уште во извештајот на Markit.

Нивната проценка е дека автомобилите и понатаму ќе стареат, бидејќи работата од дома ќе ја намали километражата што се поминува што ќе овозможи тие подолго да траат.

На патиштата низ САД сообраќаат повеќе од 280 милиони возила.

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот