СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Третата генерација на Peugeot 3008 ќе биде поставена врз новата eVMP платформа

 

Новата платформа eVMP на групацијата PSA ќе дебитира во Peugeot 3008 кој се очекува во 2023 година.

PSA групацијата веќе го има има одредено генералниот правец по кој ќе ги развива своите модели. Стратезите на компанијата сметаат дека хармоничниот развој на електричните возила ќе биде одлучувачки фактор во релевантноста на нејзината понуда.

Тоа е доволна причина, третата генерација на Peugeot 3008, која на пазарот пристигнува за три години, да биде поставен на целосно нова платформа.

Наречена eVMP (Electric Vehicle Modular Platform) таа освен вградувањето на мотори со внатрешно согорување, ќе биде наменета за подршка на хибридна технологија, потоа на плагин хибриди, и се разбира, на чисто електрични возила на батерии.

Во eVMP е сконцетриран целиот инженерски напор за вградување на сет од батерии со капацитет помеѓу 60 и 100 kWh кој би требало да овозможи опсег на движење од 400 до 650 километри (мерено според WLTP процедурите).

Новата платфрома ќе овозможи вградување на електромотори со силина 136 до 340 КС кои би ги движеле само предната или пак двете оски.

Променливите подоци за перформансите се должат на различните каросериски облици и големини.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот