СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Производството запира, Volkswagen и Toyota први реагираат

 

Концернот Volkswagen најави дека до крајот на неделата ќе го сопре производството во сите Европски погони, а истото го најавуваат и јапонските производители од кои првата реакција доаѓа од Toyota.

Опасноста од пандемијата на коронавирусот, отежнатото снабдување со делови како и намалениот интерес од купувачите, се посочуваат како сериозни проблеми со кои се соочуваат производителите.

Во такви околности, Toyota објавуви дека на неопределен рок ја затвара фабриката во Франција, а следните две недели нема да работи производниот погон во Португалија.

Поради истите причини, Volkswagen објави затварање на поголем број фабрики во Европа до крајот на неделата, додека останатите ќе бидат затворени следната недела.

Фабриките на VW во Германија се под силен притисок и на синдикалните организации кои како главен аргумент го користат фактот што на работниците не може да им се гарантира здравјето при одвивање на производниот процес.

Со прекин на производството ќе се соочат брендовите: Audi, Bentley, Bugatti, Ducati, Lamborghini, Porsche, Seat и Škodа.

Претходно, италијанските производители на возила и компоненти, исто така објавија прекин на производството. По се изгледа коронавирусот силно ќе влијае на економските текови а поготово на производството на автомобили.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV