СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Ford Puma: уште не испромовиран, а веќе отповикан на поправка!

 

Иако испораката на моделот Puma е започната пред неполн месец (кај нас сеуште не е пристигнат), Ford веќе откри голема грешка која бара фабричка интервенција.

Кај Ford Puma, кој инаку е кросовер од суб-компактната класа, е детектиран проблем со пружините за задржување на воздушните перници.

При евентуален судир и при нивно активирање, би можеле да му овозможат на сигурносниот уред  да се одвои од управувачот.

Таа можност понатаму би можела да предивика додатни безбедносни импликации, кои производителот секако би сакал да ги избегне.

„Произведен е одреден број возила Puma, со пружини за задржување на воздушните перници на возачот кои можеби се надвор од производните спецификации на компанијата, Ford Motor Company“ –  изјави за Autocar портпаролот на Ford.

Поради тоа Ford ја прекина доставата на Puma се додека не го реши детектираниот проблем. Истовремено на дистрибутерите им е забранета понатамошна испорака на веќе купените примероци.

Позитивно во целата приказна е фактот што Ford на време ја откри потенцијалната опасност, па веднаш реагираше со отповик на продадените возила, кои секако ќе мора да поминат низ додатен фабрички третман.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV