СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Продажба на нови возила во 2020 – прераспределба на силите

 

Сé уште е рано за комплетните и официјални бројки, но според информациите добиени од самите производители веќе се знае кој е меѓу првите 10.

Според проценките, по многу нешта лошата 2020-та година, во целиот свет беа пласирани околу 80 милиони возила. Најмногу од Volkswagen групата, која успеа уште еднаш да застане на чело на листата најдобри.

Според нивните информации, тие лани имаат продадено 9,31 милиони возила, за 14,5 отсто помалку во однос на 2019-тата, кои сепак лани им обезбедија пазарно учество од 11,6 отсто.

Веднаш до нив е групата Toyota која продаде 8,9 милиони (за 12 отсто помалку), доволни за учество на пазарот од 11,1 отсто .

Со намалување од продажбата за 20,5 отсто, на нешто под 8 милиони и пазарно учество од 9,9 отсто, третото место и припадна на Renault Nissan алијансата, додека зад нив се најдоа Корејците од Hyundai групацијата со 6,5 милиони продажба (која е помала само за 10,4 отсто во однос на 2019) и 8,1 отсто учество.

Следи некогаш неприкосновениот лидер General Motors кој со продадените 6,26 милиони загуби 13,2 отсто од продажбата и освои 7,7 отсто од глобалниот пазар. Останатите можете да ги видите во табелата.

Volkswagen 11,6% 9,31 милиони -14,5%
Toyota 11,1% 8,90 милиони -12,0%
Renault-Nissan    9,9% 7,95 милиони -20,5%
Hyundai    8,1% 6,52 милиони -10,4%
General Motors    7,7% 6,26 милиони -13,2%
Honda    5,6% 4,50 милиони -14,1%
Ford    5,2% 4,15 милиони -18,3%
Fiat Chrysler    4,9% 3,90 милиони -16,8%
PSA    3,6% 2,91 милиони -22,0%
Daimler    3,2% 2,55 милиони -12,2%

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот