СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Претставен новиот Niro

 

Корејците во налет – после Sportage и EV6, Kia ја претстави и потполно новата генерација на мултиенергетскиот Niro.

По шест години од лансирањето и три редизајна, првата генерација на Kia Niro се докажа кај купувачите кои ќе продолжи да ги шармира со истите атрибути.

Корејскиот кросовер кој во гамата го исполнува просторот меѓу Stonic и Sportage доби необични LED светла и тенка маска истакната со хромирана лента.

Задните столбови кои се со поинаква боја од каросеријата завршуваат со долги и вертикално извлечени светла што ги следат стилските линии на крилата.

Огромни промени има и во патничката кабина каде инструмент таблата и централниот екран свртен кон возачот се споени во една целина.

Место со рачка менувачот се контролира со вртливо копче, а за целиот ентериер се користени рециклирани и еколошки одржливи материјали.

Освен дека ќе доаѓа како хибрид, плаг-ин хибрид и целосно електричен модел, конкретни детали за погонот не се објавени.

Корејците имаат време да го сторат тоа, бидејќи лансирањето на новиот Niro на пазарот е најавено за втората половина на 2022 година.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот