СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Помодерен, побезбеден, попрактичен

Иако минатата година веќе ја освежи комплетната гама на Trafic, Renault на овој модел пак му намени мноштво подобрувања.

Пригодно одбележувајќи 40 години од појавувањето на првата генерација, Trafic има променет преден дел со LED светла, редизајнирана хауба, изменет браник и нова маска со големо Renault лого.

Модификациите на внатрешноста се среќаваат кај дотераниот преден панел со повеќе места за ситници, 8-инчниот екран на инфо-забавниот систем, додавањето Android Auto & Apple CarPlay можности и друго.

Тука се и повеќе безбедносни и системи за асистенција на возачот – адаптивниот темпомат, автоматското запирање, предупредувањата за возило во мртвите агли и за напуштање на коловозната лента…

Што се однесува до гамата мотори тие се дволитарски старт-стоп дизели во верзии од 110, 150 и 170 КС, кои покрај стандардниот шестстепен мануелен можат да се комбинираат и со EDC менувач со двојна спојка исто така со шест степени на пренос.

Продажбата на обновениот Trafic во Combi и SpaceClass верзиите ќе стартува во март идната година.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV