СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Пневматици кои траат 130.000 километри [видео, 00:32]

 

Финскиот Nokian Tyres пријатно ги изненади Американците – им понуди пневматици кои траат 80.000 милји, односно 130.000 километри.

Наречени се Nokian One и согласно својот животен век наменети се за сите сезони, но мора веднаш да ве разочараме – само за Америка.

Финците во своето соопштение за јавност кое не е дистрибуирано во остатокот од светот наведуваат дека гарантираат дека овие пневматици ќе ја поминат наведената километража.

За нив е користена посебна смеша на материјали во кои доминираат арамидните влакна, што се користат за изработка на панцирни елеци и вселенски летала.

Пневматикот има и заштита против дупки, за која Nokian вели дека е непобедлива – доколку дојде до оштетување, тој бесплатно ќе им биде заменет на возачите.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот