СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Објавена листата на финалисти кои конкурираат во изборот „Автомобил на годината во Македонија“ за 2022.

 

Вкупно 8 возила влегоа во најтесниот избор за освојување на најпрестижната автомобилска титула во нашата држава.

Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија ја објави листата со осум финалисти што ќе конкурираат за престижната титула која годинава се доделува по 27-ми пат.

Поради пандемиските услови во кои се прави овој избор, активностите на Националното стручно жири се поприлично редуцирани, и секако, се изведуваат според строгите препораки предложени од надлежните.

Од преку триесетината нови модели кои пристигнаа на нашиот пазар до 31.12. жирито се одлучи за следниве осум модели:

– BMW iX
– Dacia Sandero
– Honda Jazz
– Hyundai Tucson
– Kia Sorento
– Opel Mokka
– Toyota Yaris Cross
– Volkswagen ID.3
Според утврдената динамика, која беше применета и при минатогошниот избор, следи детално запознавање со финалистите, за потоа да бидат овенчани најдобрите.

Освен поединечните гласови на членовите на националното жири и годинава ќе биде примернета практика во која еден рамноправен глас имаат и импортерите кои имаат свој претставник во финалистите како и еден глас кој ќе биде обезбеден од онлајн гласањето на пошироката публика.

Покрај титулата Автомобил на годината, ќе бидат доделени и признанијата SUV на годината, EV на годината како и специјалното признание „Томислав Биљарац“ кое се доделува за посебни достигнувања во автомобилската индустрија.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг