СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Норвешка се збогува со класичните возила

 

Уште некој месец и во Норвешка практично никој нема да сака да купи возило со класичен мотор со внатрешно согорување.

Проценките направени според движењата на пазарот укажуваат дека веќе во април идната година скоро сите купувачи таму ќе се одлучат за електрични или хибридни модели.

Главен аргумент на аналитичарите дека ова ќе се случи е постојаниот пад на учеството на возила со конвенционални мотори од 2017 година наваму.

Според податоците, во август во Норвешка 72 проценти од продадените возила биле електрични, а 20,4 отсто хибридни и плаг-ин хибридни.

Затоа е и сосема јасно дека тоа што останува, сега поделено меѓу бензинците (4,6%) и дизелите (3,2%), до пролет ефективно ќе се сведе на нула или многу блиску до неа.

Уште еден доказ е и дека првиот неелектрифициран модел од топ-листата најпродавани возила годинава се наоѓа дури на 38-тото место.

Некои категории, сепак, како што се пикапите, доставните и егзотичните возила, ќе останат во понуда со нехибридни погонски групи.

Официјално, норвешките власти си имаат поставено цел да ја забранат продажбата на нехибридни бензински и дизел возила до 2025 година.

Според проценките, за дваесет години на норвешките патишта воопшто нема да има автомобили со класични мотори.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV