СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Нов производител од Шри Ланка, во Женева ќе дебитира со електричен болид  (со видео прилог)

Vega Innovations на Женевскиот салон ќе го прикаже својот дебитанстки  модел, EVX кој се движи со помош на електрична енергија.

Електричните возила сами по себе претставуваат револуција во автомобилската индустрија.

Освен тоа, користењето на електромоторите за движење, дефинитивно ја менуваат географската карта на производителите.

На годинешниот Женевски салон ќе дебитира производител по име Vega Innovations кој ќе го прикаже својот дебитантски модел, EVX.

Интересот кој е претпремиерно присутен во јавноста се должи на фактот што станува збор за хипер спортско купе кое ќе се движи со помош на два електромотори.

Заедничката силина која моторите ја испорачуваат на двете оски изнесува поприлично големи 815 КС (760 Nm) кои спортскиот двосед од 2.090 kg до стотка го забрзуваат за 3.1 секунди.

Вградениот батерискиот сет од 55 kWh ветува поминување на 300 километри, а веќе е најавен нов сет од големи, 130 kWh кој би требало да се полни по поминувањето на дистанца од 750 km.

Дизајнерскиот облик на панелите изработени од карбонски влакна, воопшто не може да се квалификува како оригинален, туку поадекватен е описот кој говори за компилација на елементи од етаблираните премиум спортски брендови.

Во секој случај можеме да говориме за силен контра удар усмерен директно кон Tesla.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV