СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Нови најавни скици на Volkswagen Amarok

 

Откако Ford ја претстави новата генерација на Ranger, VW ни испорача неколку најавни скици за идниот Amarok.

Како што знаеме, пикапот на Volkswagen кој ќе се појави при крајот на идната година ќе биде брат-близнак на Ranger.

И двата модела ќе се произведуваат во фабриката на Ford во Јужна Африка, која за оваа намена е обновена и проширена.

За новиот Amarok Германците тврдат дека е поубав, со побогата опрема и доста способен.

Од Ranger се издвојува со дефинирачкиот дизајн на предниот дел и со гените на марката од Волфсбург кои се среќаваат и однадвор, и одвнатре.

Платформата е конструирана да може да прими четири и шестцилиндрични мотори, но и идни хибридни и плаг-ин хибридни, па дури и електрични погонски групи.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот